ЗА „УРБ-АРХ“
„УРБ-АРХ“ - Организација за развој, заштита и промоција на урбанизмот, архитектурата и културното наследство - Скопје

Основна цел на “УРБ-АРХ” - Организација за развој, заштита и промоција на урбанизмот, архитектурата и културното наследство - Скопје е: заштита, развој, унапредување и промовирање на урбанизмот, архитектурата и културното наследство, какo и заштита на животната средина во РСМ, Балканските простори, а во соработка со меѓународни здруженија и организации и урбанистичките и архитектонски вредности во европските и светски простори.
ЧЛЕНСТВО ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА
Член на Здружението „УРБ-АРХ“ може да биде секој граѓанин, независно од неговата возраст, кој доброволно ќе пристапи и кој ќе ги прифати целите на здружението утврдени со овој статут.
Дејности на „УРБ-АРХ“
Дејности на организацијата УРБ-АРХ, согласно Националната класификација на дејности е:
- истражувања и експериментален развој во природните, техничките и технолошките науки.
- Архитектонски дејности,
- Истражувања и експериментален развој во општествените и хуманитарни науки.
Цели од ОН кои ги промовира УРБ-АРХ

